Раст на Волстрит благодарение на технолошките гиганти

На Волстрит берзанските индекси во четвртокот повторно пораснаа, четврти ден по ред, и достигнаа нови рекордни нивоа, што најмногу се должи на растот на цените на акциите на производителите на чипови.

Dow Jones зајакна 0,68 отсто, на 39.781 поен, додека S&P 500 порасна за 0,32 отсто, на 5.241 поен, а Nasdaq индексот 0,20 отсто, на 16.401 поен. Растот на индексот главно се должи на растот на цените на акциите на производителите на чипови, во просек за 2,3 отсто.

Во исто време, најмногу скокна цената на акцијата на Micron Technology, за повеќе од 14 отсто, откако таа компанија објави подобри од очекуваните квартални деловни резултати и проценки за понатамошното работење.

Покрај растот на цените на акциите на технолошките гиганти, пазарот го поддржува и најавата на американската централна банка за намалување на каматите.

Во средата, како што се очекуваше, челниците на ФЕД ги оставија каматните стапки непроменети на нивниот редовен состанок.

Истовремено, објавени се проценките на челниците на централната банка дека годинава би можеле да ги намалат каматните стапки трипати, како што очекуваа досега, и покрај зголемувањето на инфлацијата во САД во јануари и февруари.

Ова ги охрабри инвеститорите кои стравуваа дека ФЕД ќе го одложи намалувањето на каматните стапки поради зголемената инфлација.

На пазарот позитивно влијаеше и зголемувањето на прогнозата на лидерот на ФЕД за економски раст оваа година од претходните 1,4 на 2,1 отсто.

Цените на акциите вчера пораснаа и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс скокна за 1,88 отсто, на 7.882 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 0,91 отсто, на 18.179 поени, а париски CAC 0,22 отсто, на 8.179 поени.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Бизнис

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Read more

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе