Промовирана Мојот сон во родната Крива Паланка, на Саем на книга ќе ја продава Топер

Инспиративната и емотивна промоцијата на авцтобиографијата „Мојот сон“ од д-р Џемиле Берат го преполни фоајето во НУ „Центар за култура“ во Крива Паланка.

Во својата автобиографија Џемиле го слика животот и соживотот во Крива Паланка, како база, срж на сиот животен потенцијал што ќе ја однесе преку трнливиот пат- до успехот.

„Никогаш, ама никогаш не се предавајте. Работете упорно, мотивирано, гледајќи само напред, чекорејќи со сигурни, цврсти чекори и со сигурност ќе го остварите вашиот сон“, порача д-р Берат.

Книгата говори и за нејзиниот брат Себо и сопругот Бајрам - клучни фигури, поддршка на тој нејзин пат до успехот.

„Успеав и затоа што имав среќа да се родам и да растам во Крива Паланка, меѓу моите паланчани, да учам од старите паланчани со човечки вредности, почит, разбирање, соживот меѓу Ромите и Македонците. Време во кое вратата не се заклучуваше, се позајмуваше, даваше, децата се дружеа, немаше поделби и разлики, учителките имаа улога на втори мајки. Прекрасни сеќавања, горда сум што се родив и израснав тука“, рече Џемиле.

Нејзината хуманост е она што ја одбележа промоција во родната Крива Паланка, на која со симболични донации за книгата се собраа средства за поддршка на еден одличен ученик, полуматурант од локалното ООУ „Илинден“, како и двајца ученици, по еден од ромска и албанска етничка припадност во Скопје. Таква беше желбата на д-р Берат, финансиски да им помогне на тројца одлични ученици (Македонец, Ром и Албанец) кои живеат со самохрани мајки.

Промоцијата беше дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата“.

Инаку, автобиографијата „Мојот сон“ ќе се продава во книжарниците на Топер, а ќе може да се набави и на нивниот штанд на претстојниот Саем на книгата, кој ќе се одржи од 18 до 24 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе