Предлог за читање: „Нечесна игра“ од Верица Митева

Билјана Стефановска-Богоеска
/ 23.12.2022 / 16:05

Доколку сте расположени за романтична книга напишана од македонска авторка, тогаш „Нечесна игра“ е идеален избор за вас.

Напишана е од струмичанката Верица Митева која со романот „Во војната и љубовта“ го освои првото место на „Избор на книга на годината“ во 2021 година, во категоријата „Домашни автори“. Но, тоа е нејзиниот втор роман.

Големо внимание привлече и нејзиното првенче, романтичната драма „Нечесна игра“ во издание на „Сакам Книги“. Дејството се одвива околу два главни лика, Викторија и Филип кои работат како дизајнери во конкурентски фирми за изработка на мебел. По игра на судбината, и двајцата добиваат иста задача од шефовите, да се зближат со конкурентскиот дизајнер и да ги украдат скиците за идниот Саем за мебел.

И тука почнува нивната приказна. Откако ќе се запознаат, во нив се раѓа дилема дали можат да играат нечесно или едноставно не се создадени за тоа. Чувствата во нив ќе бијат своја битка, а разумот ќе им кажува нешто друго.

Митева отвора неколку прашања во книгава, прво: дали од чесен човек некој може да направи нечесен и второ: до каде сме подготвени да одиме за да напредуваме во кариерата? За што сè е способен човек да направи само за да го задржи работното место по добиена уцена?

Битката меѓу разумот и емоциите е тешка за секого, па така и за овие два лика. Митева во овој дебитански роман ни разрешува неколку дилеми. Дали љубовта може да победи сè, па дури и алчноста за престиж? И колку лесно може да дојде до недоразбирање, ако други ни се мешаат во животот?

За разлика од Викторија и Филип, во книгата има и ликови кои воопшто не се двоумат некому да сторат зло или да го накодошат. Можеби е така затоа што некои луѓе едноставно тоа си го имаат во себе, во дадена прилика без да трепнат, некому лесно да заријат нож во грбот.

Сепак, нема сомнежи дека оваа љубовна приказна напишана од македонска авторка е идеален избор за читање, особено затоа што стилот на авторката е елегантен и софистициран. Романот лесно се чита и како за првенче, слободно може да кажеме дека станува збор за романса која ќе ви ги разбранува емоциите и ќе ве држи во неизвесност до последниот миг.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе