По година и пол конечно втор видеозапис на рок-бендот „Mayday“

После точно една година и пет месеци откако ја размрдаа домашната музичка сцена со синглот „Можам без тебе“, рок-бендот „Mayday“ конечно се појави во второ видео, овој пат за новата нумера „Ти моја“.

И новата песна е целосно нивно дело, бидејќи како што самите претходно најавија „замислата е да снимаме само авторски песни“.

По повод новиот видеозапис поразговаравме со бас гитаристот Никола Младеновски, а тој ни откри и дека приказната која се крие позади оваа песна е всушност инспирирана од вистински настан.

„Автор на текстот од новата песна е нашиот пејач. Приказната што се крие позади неа е всушност љубовна драма која што ја има доживеано самиот тој. Во кратки црти, може да се каже дека му се допаѓала девојка која исто така и него му имала фрлено око, но на крај завршила со друг“, Никола ја раскажува идејата за текстот.

Remote video URL

Зошто толку долго се чекаше на втор видеозапис, Младеновски вели:

„Аудиозаписот беше сниман уште во јануари, проблемот всушност беше со видеозаписот. Штом требаше да почнеме да се организираме за снимање, своевремено корона фатија поголемиот дел од бендот со што се пролонгираше снимањето на спотот. Откако помина сето тоа се појави проблем со усогласувањето на термините за снимање на целата екипа. Јас лично имав чувство како виша сила да нѐ спречуваше сето тоа да го комплетираме, бидејќи сѐ што можеше да се случи за да биде спречено снимањето - се случи. Но, фала му на Бога сето тоа е сега позади нас“.

„Mayday“ веќе работат и на третата по ред песна, за која се надеваме нема да чекаме уште година и пол.

„Веќе почнавме да работиме на третата песна. Во иднина сакаме да воспоставиме некој баланс, да се одвиваат работите во нормално темпо, да има константност“, заврши Никола во изјава за Kajgana.com.

Фото: Mayday

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе