По 20 години се возобновува детскиот фестивал Весело штурче

Фестивалот на песни за деца „Весело штурче“ се возобновува по дваесетина години. Директорот на фестивалот, Филип Стефановски, вели дека целта е децата да се едуцираат за музичката култура и да ја искусат работата во студио и на сцена, со што столбот ќе се зацврти од мали нозе.

Дополнително, фестивалот се очекува да придонесе за задоволување на потребата за нова музика и нови автори. Во моментов актуелни се два конкурса, кои се за учесници и автори, а кои ќе важат до 1 јуни годинава.

– Пред два дена, на 11 април се распишаа два конкурса. Првиот конкурс е конкурс за учесници од 6 до 12 години, каде што пријавувањето се врши на официјалната веб-страница veselosturce.mk. На страницата има пријава за учесници и таму се пишува име и презиме, телефонски број, возраст на детето, и сите тие пријави ќе стигнат до нас. Тој конкурс важи до 1 јуни 2022 година, по што ќе бидат известени за место и време за аудиција. Сите кандидати мора да поминат на аудиција за да ги одбереме вистинските таленти коишто ќе настапат на „Весело штурче“, информира Стефановски.

Уметничкиот совет и организациониот одбор кои ќе ги спроведат аудициите ќе патуваат низ градовите од кои има пријавени. Предност ќе се даде и на нови автори на музика и текст, кои може да се пријавуваат на вториот конкурс.

– Вториот конкурс е конкурсот на автори кои исто така се пријавуваат на официјалната веб-страница, каде што има име и презиме на автор, наслов на композиција и се наведува дали тој автор е автор на текст, на музика или на целосна композиција. Има поле за прикачување на текст, што значи дека авторите се должни да достават читко напишан текст, нотен запис со акорди, мелодиска линија и демо снимка. За сето тоа има можност да се прикачи на веб-страницата. Тој конкурс исто така важи до 1 јуни, додава Стефановски.

Фестивалот ќе биде од ревијален карактер, а ќе се реализира во втората половина на септември. Како организатор на фестивалот се јавува Здружението за култура, уметност и наука, кое поддршка има и од Стојан Троицки, долгогодишниот директор и основач на „Макфест“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

МК сцена

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Read more

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе