УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2023/2024

Пеп: Во кој било друг спорт ќе победевме

Макфакс/Кајгана
/ 18.04.2024 / 12:24

Пенал рулетот им пресуди на фудбалерите на Манчестер Сити. Актуелните европски шампиони испаднаа од Реал Мадрид во четвртфиналето во Лигата на шампионите. По оние 3:3 во Мадирд, реваншот во Манчестер заврши 1:1. Пенал серијата Реал ја доби со 4:3, Едерсон го одбрани пеналот на Мордиќ, а потоа Лунин ги надмудри Силва и Ковачиќ.

Манчестер Сити не успеа да го добие натпреварот во кој имаше 67% од поседот на топката, 33 удари кон голот (9 во рамките) и 18 корнери.

Разбирливо е дека тренерот Жузеп Гуардиола беше фрустриран во своите изјави.

„Ова е фудбал. Во кој било друг спорт ќе победевме. Не жалиме за ништо што направивме, одигравме одлично на сите делови од теренот, но за жал не победивме. Создадовме шанси да одиме понатаму, но во фудбалот важно е да постигнувате голови. Јохан Кројф велеше дека среќата не постои. Се согласувам со него. Ваквиот пораз боли. Покажавме дека можеме да играме против Реал. Што друго можевме да направиме? Немам што повеќе да кажам?“, изјави каталонскиот стратег.

Слично размислува и играчот од средниот ред на Сити, Родри: „Искрено, вечерва играше само еден тим“.

реклама

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе