Нови жртви на кинескиот вирус, свикан Одоборот за итни случаи во СЗО

Светската здравствена организација денеска ќе одржи состанок на Стручниот одбор за управување со итни случаи, за да процени дали епидемијата на корона вирусот во Кина е вонредна состојба на меѓународно ниво.

Според најновите информации, бројот на заразени со новиот вид корона вирус во Кина се зголемил на 440, а девет лица починале.

Новиот корона вирус што предизвикува пневмонија се пренесува од човек на човек, се прилагодува и мутира, а исто така зарази и медицински лица.

Вирусот за првпат е откриен во градот Вухан во провинцијата Хубеј, за подоцна да се рашири во други кинески градови, вклучувајќи ги и Пекинг, Шангај и провинцијата Гуангдонг, а исто така е откриено дека има заразени и надвор од Кина.

Потврден е и првиот случај во САД, кај пациент кој неодамна се вратил од Кина и се наоѓа во добра состојба откако бил хоспитализиран.

Еден случај е пријавен во Јапонија, Јужна Кореја и два во Тајланд, донесени од кинески туристи од Вухан.

Земјите во Азија и другите делови на светот започнаа со проверка на телесната температура на аеродромите, железничките станици и автопатите за да најдат луѓе кои го имаат новиот корона вирус.

Мерките се дел од напорите да се спречи повторување на епидемијата на САРС од 2002 и 2003 година, уште еден корона вирус кој започна во Кина и уби речиси 800 луѓе, го парализираше транспортот и ги оштети азиските економии.

Кинеската влада тогаш беше обвинета за влошување на ситуација со САРС, бидејќи тие првично криеја информации и ја блокираа работата на Светската здравствена организација.

Овојпат кинескиот претседател Си Ѓинпинг нареди партиските комитети, влади и релевантни оддели на сите нивоа да ги стават на прво место животот и здравјето на луѓето.

Температурата на патниците се проверува на аеродромот Вухан и секој што работи во јавни услуги носи заштитни маски.

Во Кина потврдени 440 нови случаи на корона вирусот, деветмина починати

Кинеската државна комисија за здравство денеска соопшти дека заклучно со вчерашниот ден потврдени се 440 нови случаи на инфекција со коронавирус во 13 кинески провинции. Потврдени се девет смртни случаи и има докази за дека се пренесува со дишење од пациент на пациент.

Претходно беше објавено дека, заклучно со вчерашниот ден, имало пријавени повеќе од 300 случаи.  Епидемијата се шири во градовите Пекинг и Шангај, со потврдени случаи во Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Тајван, Макао и САД.

– Веќе е регистрирано пренесување на вирусот и инфекцијата од човек на човек. Докажано е дека болеста се пренесува преку респираторниот тракт и оти вирусот мутира, изјави директорот на Националната здравствена комисија Ли Бин.

Сите деветмина од починатите пациенти се од покраината Хубеј, која е најпогодена. Властите ги повикуваат граѓаните да избегнуваат јавни собири.

Стравот од епидемија се шири бидејќи милиони Кинези оваа недела ќе патуваат во своите домови за да ја прослават кинеската Нова година в сабота.

Новиот вирус е од групата вируси што предизвикуваат САРС, болест од која во 2002 и 2003 година починаа 800 луѓе во целиот свет, и која исто така потекна од Кина.

 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе