Баерн во Минхен го победи Арсенал со 1:0 и со вкупен резултат од 3:2 се пласираше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Возвратниот натпревар го реши голот на Јосуа Кимих во 64. минута. Баерн во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид.
Натпреварот на „Алианц Арена“ го одбележа и рекордот на 38-годишниот Мануел Нојер. За голманот на Баерн ова беше 58. натпревар во Лигата на шампионите на кој не примил гол, со што ја надмина легендата на Реал, Икер Касиљас. Трет на вечната листа е италијанската легенда Џанлуиџи Буфон со 52 натпревара на кои не примил гол.
Нојер на тој начин стана рекордер во елитното европско клупско натпреварување.
Мануел Нојер во кариерата играше за Шалке 04 и Баерн, а во клубот од Минхен е од 2011 година. Според податоците на Transfermarkt, тој одиграл вкупно 513 натпревари за баварскиот тим и со нив двапати ја освоил Лигата на шампионите, во 2013 и 2020 година.