Нежна, романтична и чувствителна: Сè што треба да знаете за жената Риба

Нежна, грижлива, сензуална, интуитивна, интровертна, сочувствителна, емотивна, топла, романтична, лојална – сето ова ја краси жената Риба.

Мисијата на грижливата Риба е да им помага на другите. Таа интуитивно ги знае потребите на другите луѓе. Не допушта никому да ја искористува нејзината добрина и секогаш е подготвена да помогне. На прв поглед изгледа како мирна личност, но всушност е многу страстна и чувствителна личност.

Рибата, внимателно го набљудува сето она што се случува околу неа, но и она што се случува во луѓето и бара подлабока смисла. Не може да го замисли нејзиниот живот без спиритуалноста.

Таа е знак во зодијакот кој не може да живее без да сонува и фантазира, а често знае како да избега од реалноста и да креира сценарија во нејзината глава. Некои сметаат дека на овој начин бега од проблемите, други пак сметаат дека едноставно нашла креативен начин како да се носи со проблемите.

Љубов

Жената Риба понекогаш делува како резервирана личност, а тоа е нејзиниот таен рецепт за заведување. Рибите сакаат опуштени љубовни врски во кои нема потреба да се расправаат и да се грижат за неважни работи.

По природа е срамежлива, па бара доминантен партнер. Најголемата среќа ѝ е да го усреќува партнерот.

Нејзиниот идеален партнер е оној кој ја инспирира, штити и кога е непходно ја спушта на земја доколку премногу лета во облаците.

Пријателство

Таа е лојален пријател кој сака кога нејзините најблиски се среќни. Жената Риба е секогаш тука за нејзините пријатели и кога им треба поддршка и кога им треба рамо за плачење. Таа е најдобриот пријател кој може да го имате во животот. Секогаш ќе забележи кога сте тажни.

Имаат и периоди кога сакаат да се сами, па не лутете им се поради тоа.

Изглед

Она што прво ќе го забележите на жената Риба е нејзината прекрасна насмевка, нејзините очи и сензуалниот поглед. Има просечна висина и градба. Изгледаат мистериозно и необично, а често имаат необични или чудни стапала кои им се најранлива точка на телото. Препознатливи се по долгата и свиленкаста прекрасна коса.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе