Ако мислевте дека ќе можете да побегнете од новиот вид на роботи, тогаш сте во голема заблуда. Хуманоидните роботи стануваат се побрзи и можат да изведуваат низа на физички активности.
Компанијата Boston Dynamics објави видео снимка од роботот Атлас кој со голема леснотија трчи и прескокнува препреки.
„Атлас изведува паркур“ напиша компанијата во описот на видеото, на кое е прикажан робот кој скока 40 сантиметри во височина и ја префрлува својата тежина од десната на левата нога.
Тоа значи дека софтверот на роботот е ажуриран со нови функции.
Контролниот софтвер го користи цело тело, вклучувајќи ги нозете, рацете и торзото, со цел да собере енергија и сила за скокање без нарушување на темпото.
На објавеното видео се гледа како робот успева без проблеми да ги прескокне сите пречки.