НБА: Бостон го доби дербито на Истокот благодарение на 43-те поени на Ирвинг

Иако е сѐ уште рано за да шпекулираме за конечниот поредок во Источната конференција, плејоф поредокот почнува да добива појасна слика во последните две недели. Фаворитите почнаа да се одвојуваат од конкуренцијата, а борбата за самиот врв ќе биде жестока до самиот крај на регуларната сезона.

Синоќа тимот на Бостон Селтикс преку продолженија го совлада тимот на Торонто Репторс со конечен резултат од 123:116.

Феноменалната партија на Кајри Ирвинг му помогна на тимот на Бостон Селтикс да дојде до триумф во дербито на Источната конференција против Торонто Репторс. Тој синоќа постигна 43 поени и со забележа најголем број поени на еден натпревар од оваа сезона. Ако се земе предвид дека тој шутираше крајно ефикасно од поле (69%) и имаше 11 асистенции, тогаш мора да го сметаме Ирвинг за најодговорен за победата на Селтикс.

Покрај Ирвинг, уште неколку играчи од поставата на Селтикс синоќа одиграа одличен натпревар. Веќе станува вообичаено Џејсон Тејтум да биде еден од главните играчи на Селтикс, па така беше и синоќа, кога постигна 21 поен од само 13 шутеви кон противничкиот кош. Гордон Хејворт додаде 15 поени, додека Морис постигна 11 поени од клупата.

Во противничкиот состав на Репторс најдобар поединец беше Кавај Ленард, кој забележа 31 поен и 15 скока, но сепак не успеа му донесе победа на гостинскиот тим. Сите стартери на Репторс постигнаа двоцифрен број поени, а посебно импресивен беше Серж Ибака, кој вечерта ја заврши со 21 поен.

Останати резултати:

Индијана Пејсерс – Мајами Хит 99:91

Филаделфија Севентисиксерс – Јута Џез 113:107

Вашингтон Визардс – Бруклин Нетс 104:115

Мемфис Гризлис – Сакраменто Кингс 112:104

Минесота Тимбервулвс – Портланд Трејл Блејзерс 112:96

Њу Орлеанс Пеликанс – Њујорк Никс 129:124

Милвоки Бакс – Чикаго Булс 123:104

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе