Народна банка воведе новa веб-услуга за автоматизирано преземање податоци од Курсната листа

Народната банка изработи и воведе нова веб-услуга за автоматизирано преземање на податоците од Курсната листа, којашто веќе може да се користи напоредно со старата.

Оттука, Народната банка ги информира приватните субјекти дека старата веб-услуга којашто што е достапна на веб-страницата ќе се користи до крајот на мај 2024 година и дотогаш сите корисници треба да почнат да ја употребуваат новата веб-услуга. Деловните банки веќе се префрлија на новата апликација и автоматизирано ја читаат Курсната листа секој ден. Оваа апликација на Народната банка за Курсната листа и за курсевите за државните органи е изработена со нови современи алатки и е достапна на www.nbrm.mk/web-servis-novo.nspx, каде има и упатство за корисниците за нејзиното користење.

Воведувањето на новата услуга е во рамките на унапредувањето на ИТ-безбедноста на процесите преку примена на нови технологии коишто се поотпорни на нападите од дигиталниот простор. Постојаното јакнење на сајберотпорноста, како и користењето на технологиите за подобрување на услугите кон корисниците е заложба на централната банка. Оттука, неодамна започна билатерална соработка со централната банка на Италија, проект на Европската Унија, чијашто цел е преку пренесување на искуствата да се зајакнат стандардите и најдобрите практики во Народната банка за развивање и одржување апликативен софтвер.

реклама

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Бизнис

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Read more

Tesla и Apple помогнаа за растот на Волстрит

Read more

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Read more

Остар пад на доларот

Read more
 

Вести

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе
  • play_arrow

Крмов: Покачување на пензиите, намалување на годините за пензионирање – 60 години за жени, 62 за мажи

Читај повеќе