Најплатениот НБА кошаркар на денешницата, Џејлен Браун од Бостон Селтикс, е еден од многуте кошаркари во најсилната лига во светот кои постат во текот на месецот Рамазан.
Во исламот, Рамазан е месец во кој на муслиманите им се советува да се воздржат од претерувања од секаков вид, првенствено преку целодневен пост од храна и пијалоци.
Таков е случајот со Браун, кој пости секој ден, што не се одразува на неговите игри на паркетот, а бекот на Бостон не го гледа како проблем бидејќи не сака туѓите борби да бидат занемарени само затоа што тој пости.
„Ова е неверојатен период од годината. Многу луѓе ширум светот постат, а јас сум само еден од нив и не се издвојувам по ништо. Тоа е неверојатен месец за зајакнување на телото, силата и фокусот“,одговори Браун на новинарско прашање.
„Рамазан е нешто посебно“, рече Браун. „Тоа е нешто што ми го спаси животот на многу начини. Затоа, поздрав до сите луѓе кои постат и поздрав до сите што покажуваат почит затоа што, во реалноста, некои работи се поголеми од кошарката“.
Браун никогаш не ги потврдил своите религиозни убедувања, иако многумина се убедени дека тој е муслиман, а доказ за тоа е неговиот пост за време на Рамазан.
Да потсетиме, Браун е најплатениот НБА кошаркар откако лани потпиша петгодишен договор со Бостон вреден 304 милиони долари.
Тој договор ја надминува сумата од 264 милиони долари за која во 2022 година потпиша центарот на Денвер Нагетс и еден од најдобрите играчи во светот, Никола Јокиќ.