СЕРИЈА А 2019/20

Морати: Само тројца од овој Интер би се снашле во оној од 2010

Според поранешниот претседател на „Нераѕурите“ само тројца играчи од сегашниот тим би се вклопиле во оној шампионскиот кој триумфираше во Лигата на шампиони.

За Масимо Морати веќе деветта година постојат два тима на Интер: оној со Триплета од 2010 и оној кој игра во моментот. Морати живее во минатото, и со право, бидејќи долги години вложуваше милиони за конечно таа 2010 година да го оствари сонот, да го искачи Интер на европскиот и светскиот врв и тоа под водство на Жозе Мурињо.

Доколку денешниот состав на Интер би играл во 2010 во времето на таа шампионска генерација со Милито, Ето, Снајдер, Занети, Пандев, Самуел, Жулиу Сезар, Лусиу, Маикон, Камбијасо, Киву, Кордоба, Матераци, Станковиќ, според Морати само тројца играчи некако би конкурирале за во тој тим, ако ништо друго барем за на клупа.

„Голманот, Хандановиќ, тој е дефинитивно важна алка во сегашниов тим. Од новите дечки... Да речеме дека Барела и Сенси се истакнуваат, тие добро се покажаа и одлично се вклопија. Ете, тие двајца и Лаутаро би можеле да играат за оној тим од 2010 година“, рече Морати.

Го пофали Хандановиќ, но него не го вметна во изборот. Покрај Жулиу Сезар ни одличниот Ханда не би имал шанса, а дури ни на клупата не би имало место со оглед на фактот што тогаш голман број два беше легендарниот Франческо Толдо.

Морати единствено ги вреднува до тоа ниво младите Стефано Сенси (24 год.), Николо Барела (22) и Лаутаро Мартинес (22). Тие би можеле да се носат покрај великаните од популарната Триплета.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе