НХЛ 2020/21

Монтреал уште еднаш го среди Ванкувер

Со високи 5:2 Канејдиенс ги декласираа Канакс на гостински терен по вторпат одмаздувајќи им се за поразот на пенали пред два натпревара.

Ноќеска вниманието во најквалитетната хокеарска лига на светот го привлече канадското дерби помеѓу тимовите од двата краја на земјата, Ванкувер Канакс од западниот брег и Монтреал Канејдиенс од Квебек на истокот.

Првата третина ја добија гостите од Квебек благодарение на голот на Ник Сузуки во 11. минута. И втората беше речиси идентична со тоа што погодокот на Кори Пери во 12. минута значеше водство од 0:2 за гостите.

Домашните конечно го најдоа патот до гостинскиот гол во последната третина кога Швеѓаните Елиас Петерсон и Нилс Хојландер погодија во 4-тата и 6. минута за израмнување на 2:2.

Сепак, Кенејдиенс во преостанатото време уште трипати погодуваа и тоа преку Брендан Галагер во 10-тата, Џонатан Друин во 13-тата и Џоел Едмундсон во 18. минута за конечни 2:5.

Remote video URL

Ова е четврта победа за Монтреал сезонава со што е лидер во Северната дивизија, или таканаречена Канадска дивизија бидејќи сезонава ја сочинуваат исклучиво тимови од Канада. Пред три дека токму Ванкувер му го нанесе вториот пораз на Монтреал кога по 5:5 во регуларното време на пенали успеа да победи. Во натпреварот измешу овие два Монтреал забележа уште една убедлива победа над истиот противник, тогаш од 7:3.

Резултати:
Бостон Бруинс - Филаделфија Флаерс 6:1
Ванкувер Канакс - Монтреал Канејдиенс 2:5
Сент Луис Блуз - Лос Анџелес Кингс 4:2
Винипег Џетс - Отава Сенаторс 6:3

Тагови
реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Останати спортови

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Read more

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе
  • play_arrow

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Читај повеќе

Барела ќе стане најплатен италијански играч во Серија А

Читај повеќе

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе