Министерствата и општините имаат 2.645 возила, најскапите се во МНР, МВР и финансии

Скопје, 18 октомври 2018 (МИА) - Министерствата и општините имаат 2.645 автомобили. Министерствата имаат 2.215 возила вредни 27,2 милиони евра, додека општините имаат 430 возила во вредност од 5,7 милиони евра.

Ова го покажува податоците на Центарот за граѓански комуникации кои денеска ги објавија.

Во соопштението наведуваат дека за 2.008 возила набавната вредност е  33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат доставено податоци за набавната вредност.

„И централната и локалната власт најмногу возат возила од марките  „шкода“, „фолксваген“ и „форд“. Сепак, сите пет најскапи возила се „мерцедес“ купени од министерствата за внатрешни работи (572.780 евра), за надворешни работи (81.301 евра) и за финансии (76.768 евра), како и општините Свети Николе (77.839 евра) и Кавадарци (70.075 евра)“,  наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Изворните податоци се обезбедени преку 97 институции. Од Центарот за граѓански комуникации посочуват дека биле потребни повеќе од три месеци само да се приберат информациите што, како што наведуваат, говори за ниското ниво на отчетност и воопшто на прецизна евиденција за имотот со кој се располага.

Оваа база на податоци, стои во соопштението, е дел од предвидените десет истражувања и бази на податоци за трошењето на јавните пари кои ќе се реализираат во рамки на проектот Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Целта на проектот што го спроведува ЦГК е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе