Microsoft ја укинува поддршката за Android апликациите на Windows

Во октомври 2021 година Microsoft го претстави Windows Subsystem for Android (WSA), функција со збунувачко име што му дозволуваше на Windows 11 да покренува апликации наменети за Android на Google. Сепак, на тоа ќе му дојде крајот следната година.

Microsoft објави на страницата Microsoft Learn дека WSA ја губи поддршката на 5 март 2025 година. Дотогаш корисниците ќе можат да инсталираат и користат апликации (од Amazon App Store), па дури и ќе добиваат поддршка доколку наидат на проблеми.

Што ќе се случи по 5 март 2025 година, не е познато. Зборуваме за Windows, па сосема е можно заедницата да ја „оживее“ функцијата, бидејќи некои програмери веќе најдоа начин да ја инсталираат и користат Google Play Store иако тој не е официјално поддржан.

Play Store е најголемиот „ров“ што го има Google околу Android, оперативниот систем е отворен, но не им значи многу на уредите без пристап до Play Store.

Во секој случај, нема информации за промени на Phone Link, така што корисниците сепак ќе можат да користат Android апликации од Windows уредите, но разликата е во тоа што тие ќе ги покренуваат на мобилен и ќе го стримуваат неговиот екран на компјутер. Сепак, само одредени мобилни телефони од одредени брендови ја поддржуваат оваа функција.

Google исто така има свој начин на користење на софтверот Android на компјутер, а тоа е Google Play Games. Како што сугерира името, целта е гејминг, но не постои фундаментална разлика помеѓу апликациите и игриците. Исто така, постојат апликации од трети страни кои работат на софтвер за Android на Windows и Linux.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе