Microsoft ја претстави светлата верзија на Windows 10

Само што го средија октомврискиот апдејт, од Microsoft велат дека се подготвени за нов апдејт во кој ќе воведат и еден новитет за Windows 10 – светла верзија на оперативниот систем. Софтверската компанија денеска го претстави изгледот на оваа верзија.

Верзијата Light theme е всушност само ново ажурирање на веќе постоечката светла верзија на Windows 10 оперативниот систем.

Microsoft во новиот апдејт ќе ја претстави новата светла верзија на Windows 10, во која белата боја ќе доминира низ целиот оперативен систем и ќе го направи UI (User Interface) целосно бел. Како дел од новата верзија, Microsoft ќе направи уште неколку измени кои според нив ќе го направат оперативниот систем визуелно подобар.

Оваа нова тема ќе се појави во следниот поголем апдејт на Windows 10, кој се очекува да дебитира во април следната година. Во него се вклучени и подобрувања на алатката за „сечење“ дел од екранот и алатката за принтање а новиот апдејт познат како 19H1 ќе донесе и измени во часовите на работа на Windows Update центарот, за компјутерот да не се рестартира во непредвидено време.

Покрај овие измени, Microsoft работи и на темна верзија на нивната апликација OneDrive за Windows 10. Новите измени ќе бидат тестирани од страна на Windows Insiders пред да бидат пуштени во употреба низ целиот свет.

реклама

Софтвер

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more

Apple ја отвори App Store за емулатори на ретро игрици

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе