Фудбал

Меси и Пике не се во составот на Барселона за мечот против Интер

9. декември 2019 - 15:58 | МИА

Познат е составот на Барселона за натпреварот од групната фаза во Лигата на шампионите против Интер, соопшти прес-службата на Каталонците.

На списокот со 20 фудбалери не се вклучени капитенот и напаѓачот на тимот, Лионел Меси, како и Жерар Пике.

Ги нема ниту Серхио Бускетс и дефанзивецот Серхи Роберто.

За дуелот со Интер во Милано, тренерот Ернесто Валверде ќе може да смета на:

Голмани – Тер Штеген, Нето, Пења;

Одбрана: Фирпо, Ленгл, Ваге, Тодибо, Умити, Араухо, Морер;

Среден ред: Ракитиќ, Алења, Де Јонг, Пуч, Видал;

Напад: Гризман, Перез, Суарез, Дембеле, Фати.

Натпреварот е закажан за утре со почеток во 21 часот.