Марго Роби има нов проект: По Barbie, доаѓа филм за The Sims

По големиот успех на филмот Barbie, продуцентската куќа LuckyChap Entertainment работи на адаптација на светски познатата видео игра The Sims.

Компанијата е основана од Маргот Роби, Том Акерли, Џози Мекнамара и Софија Кер.

Филмот ќе го режира Кејт Херон, најпозната по режијата на првата сезона на серијата Loki на Marvel, а еден од продуцентите ќе биде Рој Ли.

Заедно со LuckyChap, во продукцијата се вклучени и Рој Ли и Мири Јун од Vertigo Entertainment, а сценариото за филмот ќе го напише Бриони Редмејн, пренесува The Hollywood Reporter.

Во проектот ќе учествува и Electronic Arts, која ја објави видео играта.

Освен овие информации, засега не се познати дополнителни детали за филмот, потенцијалниот заплет, актерската екипа или планираното снимање и премиера.

За каква видеоигра станува збор?

Во случај да не сте слушнале за The Sims претходно, тоа е видеоигра во која играчите контролираат аватари кои имаат личности, вештини и односи со други аватари и поминуваат низ секојдневните задачи во животот, како подготовка на вечера, уредување на домот и слично.

Видеоиграта е изградена на ликови кои имаат одредени цели и аспирации, а аватарите може дури и да имаат семејство.

Според The ​​Hollywood Reporter, првата видеоигра била објавена во 2000 година, а набрзо била проширена со продолженија и низа дополнителни поставки како што се одмори, деловни состаноци, состаноци, средношколски живот...

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Филм & ТВ

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more
 

Сцена

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе