Хроника

Манијак се самозадоволувал пред девојка во лифт

26. февруари 2020 - 16:15 | МИА

Манијак во Скопје се самозадоволувал во лифт пред девојка која едвај избегала од него.

На 26.02.2020 во 00:10 часот во СВР Скопје, 25-годишна девојка од Кавадарци пријавила дека на 25.02.2020 околу 22:00 часот во лифт во зграда на ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин“ едно лице се самозадоволувало пред неа и се обидело да ја повлече до него.

Според пријавеното, таа го оттурнала и успеала да избега кога застанал лифтот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.