Лоцирана една од жените: Од неделата сум во пеколот, на снимките сум јас со ќерка ми, тоа не е Данка

Австрискиот сајт KOSMO тврди дека ја лоцирал едната од двете жени кои се појавуваат на видеото од Виена со девојче коешто личи на исчезнатата Данка Илиќ.

Жената тврди дека на видеото не е Данка, туку нејзината ќерка, а KOSMO наведува дека овие најнови информации ѝ ги доставиле на австриската полиција. Жената која наводно го контактирала овој австриски портал ги дала своите приватни фотографии како поткрепа на тие тврдења, пренесува Блиц.

На една фотографија се гледа црнокоса жена, за која се вели дека е мајка на девојчето на видеото, како седи покрај дете за кое постои сомневање дека е Данка.

Како што пишува KOSMO, новинарите преку група на Facebook стапиле во контакт со жената А.Ч.С. (36). Според нив, таа е романска државјанка којашто живее и работи во Виена. Таа, како што велат, била нервозна кога дознала што се случува.

„Што да кажам? Од неделата сум во пеколот! Бев во Велс кога во текот на ноќта добив неколку пораки дека на сите социјални мрежи, на телевизиите во Романија и Србија се споделува видео со моја слика и дека ме бараат поради исчезнато дете. Во неделата веднаш отидов во полиција во Велс и побарав помош, но тие ме испратија дома и ме советуваа да се пријавам во полиција во Виена во мојот округ. Вчера отидов во полиција во 21 реон, побарав да ми помогнат и да ме заштитат, да го заштитат моето дете и мајка ми. Само што ме испратија дома. Денеска ситуацијата стана алармантна бидејќи моето лице беше лесно препознатливо во сите медиуми. Бев многу исплашена, не знаев што да правам. Се плашев дека ќе останам без работа“, изјавила жената за KOSMO.

Разговорот со неа, пишува KOSMO, бил емотивен и тежок бидејќи била во шок. Размислува само, велат, што можеше да се случи доколку ја препознаеа на улица и повикаа полиција.

„Тоа низ што поминувам е страшно! Никој на светот не може да разбере каков кошмар е ова! Јас сум мајка, сочувствувам со детето од Србија и би сакала да го најдат. Но, она што го поминувам со мајка ми е исто толку страшно! Сега ми дојде полиција дома, им кажав сѐ и на крајот ми се извинија за маките што ги претрпев. Ме замолија утре да дојдам кај нив да го потпишам протоколот. Сакам само оваа приказна да остане зад мене и да се обидам да ја заборавам“, потенцира жената за KOSMO.

Данка Илиќ исчезна на 26 март во близина на Бањско Поље во Бор, а потрагата по неа трае оттогаш. По неа е распишана потерница од Интерпол, а поради нејзиното исчезнување за прв пат во Србија е активиран системот Најди ме.

реклама

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе