ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2019/20

Ливерпул одбива да рефундира 290 навивачи на Атлетико

Натпреварот Лигата на шампионите се играше со публика, но некои гостински навивачи откажаа во последен момент поради страв од коронавирусот.

Во деновите кога се играше натпреварот во Ливерпул, шпанскиот главен град бележеше покачување на заразените од COVID-19, а ситуацијата стануваше загрижувачка. Ниту УЕФА, ниту пак британската Влада, не се решија да реагираат со евентуална забрана, па навивачи од Мадрид дојдоа на „Енфилд“.

Сепак, меѓу нив имало и 290 совесни кои го откажале нивното патување почитувајќи ги превентивните мерки на шпанската Влада. Нивните билети, нормално, пропаднаа, со оглед на тоа што откажувањето било направено во последен момент.

Иако напреварот денес важи за еден од поттикнувачите за ширењето на вирусот во Англија, токму поради доаѓањето на навивачите од Мадрид, Ливерпул не сака ни да чуе да ги рефундира Шпанците.

Навивачите сепак си ги добиле назад парите дадени за влезници, но од нивниот Атлетико. Клубот ова излегување во пресрет на навивачите го чини 17 илјади евра, пари кои и денес Ливерпул не сака да ги плати.

Според „Црвените“, натпреварот тогаш немал никаква забрана од УЕФА и откажувањето на тие 290 навивачи е нивна волја и не подлежи на оправдано рефундирање.

Атлетико го елиминираше актуелниот бранител на тронот победувајќи на „Енфилд“ со 2:3 по продолженија, а славеше и на првиот натпревар на „Ванда Метрополитано“ со 1:0.

Атлетико, исто така, рефундираше и 4.500 купени билети за наредните натпревари од Ла Лига.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе