Коронавирусот има осум мутации, тврдат експерти

Експертите велат дека новиот коронавирус мутира, како и сите други вируси и сега има осум мутации што кружат низ целата планета.

Добрата вест е дека мутациите не се смртоносни, истакна Тревор Бедфорд, чија веб страница  NextStrain.org го следи геномот на вирусот користејќи примероци од сите делови на светот.

Експертите ги следат геномите на коронавирусот и откриваат мутации што се појавија откако вирусот првпат минатата година се префрли од животно на човек во кинескиот град Вухан.

– На прашањето дали се менува генетски, одговорот е апсолутно да, истакна епидемиологот Марк Липсич од Харвард.

Прашањето е дали се случила некоја промена што го одредува правецот на движење на болеста или пренесувањето или други работи што се важни за луѓето, додава Липсич.

Експертите велат дека новите мутации многу малку се менуваат и нема разлика во смртноста.

-Забележаната стапка на мутација (две мутирања месечно) е сосема нормална за вирусите. Грипот обично има ист број на мутации, дури и повеќе, напиша Бедфорд на својот Twitter профил.

-Епидемиите можат да се следат. Во состојба сме редоследно да го секвенционираме геномот за да утврдиме кои видови или родови циркулираат, изјави Чарлс Чиу, професор по инфектологија на  Универзитетот во Калифорнија.

И додека досега дешифрираните геноми даваат информации за тоа како неговото ширење може да се запре и дали помага дистанцата меѓу луѓето, а се покажува дека помага, тие не се ништо повеќе од скица, предупредуваат научниците. Тие се согласуваат дека останува да се открие многу, но микроскопските промени им помагаат да ја утврдат патогената патека низ човечката популација.

Бедфорд исто така предупредува да се внимава со терминологијата што се користи кога се известува за коронавирусот и болеста Covid-19. Тој нагласи дека нивните сознанија се за „мутации“, а не нови подвидови или родови (strains) на коронавирусот.

Тој ја објаснува разликата во 13 последователни објави на неговиот Twitter профил:

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе