Контролорот за PlayStation 5 изгледа феноменално

По сѐ изгледа PlayStation 5 на пазарот сепак ќе се појави на крајот од оваа година бидејќи во сред пандемијата Sony сѐ уште нема донесено одлука за евентуално одложување. Напротив, веќе го претстави новиот DualSense контролор кој за кратко време собра доста добри реакции на социјалните мрежи и покажа дека компанијата ги има предвид предлозите на играчите.

Станува збор за од далеку приметливата разлика во дизајнот во однос на претходникот DualShock, а тоа е начелно добра работа бидејќи Sony јасно стави дознаење дека не пробува да измисли „топла вода“, туку оди по проверени патеки. Џојстикот делува помасивен и тоа е добра особина кога станува збор за удобноста која ја нуди како и управувањето. Од Sony сепак порачуваат дека контролорот е „помал отколку што изгледа“.

Променети се и оние hand triggerѕ, односно R1/2 и L1/2 копчињата и обликот на рачките, додека сијаличките се префрлени на горниот дел на контролорот. Копчето „Share“ сега го носи името „Create“, а Sony ветува дека управувањето ќе биде уште полесно. Истотака, контролорот доби сопствен микрофон, што значи дека нема повеќе да биде потребно да се користат слушалки, иако активните корисници и натаму препорачуваат употреба на headset.

Микрофонот би можел да има двојна улога со оглед на тоа што најавениот Tempest 3D би можел да помаѓа и при одредувањето на позицијата на играчот во просторијата со цел оптимизација на звукот.

Сепак, најважниот дел е секако префрлувањето на напредната хаптичка вибрација која најмногу може да се одрази на начинот на кој играме, а L2 и R2 копчињата можат динамички да се прилагодуваат за играчите да би имале што поприродно чувство во тек на играњето на одредени игри.

Останува отворено прашањето како пандемијата со коронавирусот ќе се одрази врз куповната моќ на љубителите на PlayStation.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Гејминг

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Read more

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Read more

Нов гејмерски рекорд: Продадени 12 милиони игри за 12 недели

Read more

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе