Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Актерот Хенри Кавил неодамна ја сподели среќната вест дека ќе стане татко.

Имено, актерот кој најмногу се памети по улогата на Супермен, во понеделникот на премиерата на филмот The Ministry of Ungentlemanly Warfare откри дека го чека своето прво дете со девојката Натали Вискузо.

„Многу сум возбуден поради тоа. Натали и јас сме многу, многу возбудени“, изјави Кавил за Access Hollywood.

Remote video URL

Кавил (41) и неговата девојка (34) се во врска речиси три години, а Кавил ја официјализираше нивната врска преку својот Instagram профил, кога објави видео на кое се гледа како играат шах. Тие беа снимени во јавност за прв пат во 2022 година на црвениот тепих за филмот Enola Holmes 2.

Во претходните изјави за медиумите, Кавил зборуваше за татковството, каде објасни како сака да биде татко додека е уште млад и фит.

„Ако некогаш имам деца, сакам да бидам татко што ќе трча по нив. Дури и сега, ако имам деца, ќе биде доста доцна. Сакам да бидам фит и здрав татко, а не да бидам бавен“, објасни тој за Men's Health ОК во 2017 година.

Инаку, неговата девојка е телевизиска директорка, но некои ја паметат како тинејџерка која се појави во емисијата My Super Sweet 16 на MTV. Нејзиниот татко Микале е поранешен магнат, што доведе до нејзиното појавување во оваа популарна емисија.

Иако Хенри Кавил се труди да го држи во тајност својот приватен живот, познато е дека парот живее во прекрасен имот во Калифорнија и дека имаат две кучиња.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе