Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Фабио Канаваро откри дека би прифатил да биде тренер на Наполи и без плата бидејќи тоа би било исполнување на неговиот сон. Но, претседателот Аурелио Де Лаурентис никогаш досега не го побарал.

Поранешниот легендарен дефанзивец на Италија кариерата ја почна во младинскиот погон на Наполи, а иако потоа смени повеќе дреса, како оние на Парма, Интер, Јувентус, Реал Мадрид и Шабаб Ал Ахли, засекогаш остана поврзан со својот роден град и клубот каде изникна.

Кога беше забележан како седи во близина на Де Лаурентис на трибините за време на дуелот Наполи - Емполи, последниот натпревар пред Руди Гарсиа да биде отпуштен и да му направи место на Валтер Маѕари, многумина претпоставуваа дека тоа значи дека тој е наредниот предводник.

„Бесплатно би го тренирал Наполи, тоа е сон за сите тренери“, изјави Канаваро за Sportitalia.

На прашањето за опциите, Де Лаурентис рече дека има скратен список од 50 имиња, но дека Канаваро не е на него.

„Не мислам дека недостатокот на искуство е причината зошто не бев на таа листа. Многу луѓе не го почитуваат искуството што го заработив во Кина, но јас сум тренер и сакам да работам. Се вратив во Италија пред две години и продолжувам да учам, бидејќи тренерството е она што сакам да го работам“.

Младиот Канаваро во дресот на Наполи

Добитникот на Златната топка работеше како помошник тренер на Козмин Олароју во Шабаб Ал Ахли во сезоната 2013-2014, пред да почне со самостојна работа во Кина со Гуанчоу Евергранд, потоа Ал Наср, назад во Кина со Тианџин Куанџиан и повторно Гуанчоу Евергранд.

По само 2 натпревара како привремен селектор на репрезентацијата на Кина, го доби единственото европско тренерско искуство.

Беше краткотрајно и многу разочарувачко, траеше од септември 2022 до февруари 2023 година на клупата на Беневенто во Серија Би. Забележа 3 победи, 7 нерешени и 7 порази.

Што се однесува до Наполи, го отпушти и Маѕари и го доведе Франческо Калцона, кој најверојатно нема да остане по крајот на оваа сезона бидејќи работи и како селектор на репрезентацијата на Словачка, со која му претстои настап на ЕУРО 2024.

„Проблемот оваа сезона е што имаше премногу промени и играчите мораа да се навикнуваат на премногу различни тактички идеи“, рече Канаваро.

„Сосема е природно малку да се збунети. Против Аталанта викендов е нивната последна шанса да се вратат во трката за место во Лигата на шампионите“, додаде светскиот шампион од 2006 со Италија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе