Како да запрете автомобил на автопат кога возачот се онесвестил?

Храбар и многу ризичен потег.

На делницата од автопатот А28 во Холандија, во близина на Хардервајк, на крајот на минатата недела дошло до драматично спасување на жена која се онесвестила зад воланот во моментот кога со своето VW Polo тргнала да се исклучи од патот.

Со оглед на тоа што несреќната жена била сама во возилото, автомобилот продолжил неконтролирано да се движи, па во еден момент дури и ја преминал тревната површина до патот, повремено одбивајќи се од заштитната ограда.

Неколку возачи сфатиле што се случува и еден од нив направил храбар, но ризичен маневар за некако да го запре возилото со својот автомобил. Тој прво го престигнал автомобилот Polo со својот Ford Focus, а потоа се позиционирал пред него во лентата за застанување и постепено сопирал додека возилото не запрело удирајќи го автомобилот Ford Focus одзади.

За среќа, никој не е сериозно повреден во инцидентот, а возачот, кој подоцна беше идентификуван како Хенри Темерманс, практично ѝ го спасил животот на жената со оваа многу ризична постапка.

Remote video URL

„Јас не сум херој, го направив тоа што требаше да го направам“

Темерманс подоцна за холандските медиуми изјави дека се враќал дома во петокот попладне кога видел автомобил како се движи по тревата покрај патот на автопатот. Низ страничниот прозорец на автомобилот Polo забележал дека нешто не е во ред со личноста зад воланот.

„Она што го видов не беше добро. Беше јасно дека госпоѓата повеќе не беше свесна“.

Додека автомобилот Polo продолжил да се движи, Темерманс сфатил дека заштитната ограда нема да го спречи и решил да реагира.

Кога сѐ завршило, тој и друг возач излегле да ѝ помогнат на жената која се уште била во несвест.

„Повикавме брза помош и потоа заедно се приближивме до автомобилот. Видов дека се враќа во живот. Осетив пулс и ѝ го почувствував чукањето на срцето, па тоа малку ме смири“, објаснува Темерман.

Жената се освестила по неколку минути, а нејзините спасувачи ја чекале брзата помош која пристигнала само 10 минути подоцна.

Таа била префрлена во болница каде било констатирано дека има пет скршени ребра. Сѐ уште не е јасно зошто се онесвестила.

Ќерката и сопругот на жената подоцна стапиле во контакт со Темерманс.

„Тие беа многу благодарни за она што го направив“, вели тој.

„Луѓето на социјалните мрежи велат дека се горди на мене, ме нарекуваат херој. Но, јас не се гледам себеси така. Вие имате должност да им помогнете на луѓето на кои им е потребна помош. Јас го направив тоа што морав да го направам“.

реклама

Авто новости

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Read more

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Read more
 

Автомобили

  • filter

Volkswagen претстави популарно и подобрено решение за модерните номади

Читај повеќе

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Bentley го претстави Batur Convertible, придвижуван од 6-литарски W12 мотор

Читај повеќе

Франција сака четирикратно да ја зголеми продажбата на електрични автомобили

Читај повеќе

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе