Со редизајнираното издание на популарниот кампер California на Volkswagen за клиентите во Европа, доаѓа уште повеќе употреблив простор и plug-in хибридна погонска единица.
Volkswagen го претстави освеженото издание на кампер моделот California, кој е позициониран помеѓу слично дизајнираните модели Caddy California и Grand California, а со подобрувањата на California дојде уште попространа внатрешност и уште поупотреблив простор.
Камперот ќе се нуди во комбинација со 5 пакети опрема (Beach, Beach Tour, Beach Camper, Coast and Ocean), а како стандардна опрема секој споменат пакет доаѓа со покривен шатор со мрежа за заштита од инсекти „засилена“ со тенди на двете страни на возилото.
Со системот на преклопување на седиштата зад првиот ред, Калифорнија лесно се претвора во удобна спална соба за две лица во која, со пакетите Coast и Ocean, сè уште има место за кујнски елементи, мијалник, шпорет на гас и фрижидер. Задните седишта, кои се опремени со лизгачки фиоки, може да се отстранат и да се користат надвор од автомобилот. USB-C конектори за полнење на различни уреди се поставени низ кабината.
Со најдобриот пакет опрема (Ocean) доаѓаат две дополнителни батерии, два приклучока од 230 волти, греење на предните седишта, дополнително греење на просторот, прегради за складирање на покривот, маса за преклопување и резервоар за вода од 28 литри.
Заедно со камперот, Volkswagen нуди три опции за возење кои се „позајмени“ од моделот Multivan. Дволитарскиот 4-цилиндричен турбодизел мотор има 150 КС. По него следува дволитарски турбо бензинец со 204 КС. На врвот на гамата е plug-in опцијата за хибриден погон (1,4-литарски турбо бензинец со 4 цилиндри напојуван од електричен мотор) со 245 КС, погон преку двете оски (4Motion) и можност за влечење приколка до 2.000 килограми.