Јулијана Величковска ја промовира илустрираната книга за деца „Ведра“

Авторката, преведувачка и уредничка Јулијана Величковска на 28 јануари (сабота), во Сала Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје, ќе ја промовира книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев.

Промоторка на настанот што ќе почне во 18:30 ч е Весна Мојсова-Чепишевска, а за музичкиот дел ќе биде задолжен Јован Јовановски

Поетот, писател и есеист Ѓоко Здравески, за „Ведра“ ќе рече дека е „приказна што си игра со архетипите, влегува длабоко и таму буричка, менува, поправа, разместува, отклучува.“

„Го има оддалечувањето од домот, ги има опозициите добро – зло, светло – темно, блиску – далеку, но има и изненадувања, кои самите ќе ги откриете кога ќе ја прочитате. ‘Ведра’ ги има главните карактеристики на литературата за деца: директно му се обраќа на детето, ненаметливо го подучува, нежно влегува во неговиот несвесен свет и таму менува колективни знаења што не се нужно точни; покрај тоа, духовита е, и приказната и илустрациите. Децата ќе ја обожаваат. И, како и секоја добра приказна за деца, ова не е само приказна за деца, туку е приказна за секого.“

Авторката Ана Голејшка-Џикова истакнува дека „Ведра“ е како „микро и макро патување низ сите сплетени приказни од народното творештво со најбрз кабриолет и со најфраерски очила за сонце!“

„Ова е сликовница омаж на пријателството, слатководна, брзоречита, лесночитлива во изразот. Играта со римата и песнопојот во текстот, прави чувство како да сте во постојан ритам на приказната, како да пеете. Мајсторски се вметнати елементи од современите и вечни стравови на децата (инјекции, манџи, ако плачеш – ќе ти дојде змејот!) и на родителите (дете што постојано плаче или постојано e на таблет). Сладокусна, вкусна, игрива и поучна приказна за деца, но и за возрасни. Илустрациите го доловуваат ефектот на спектакл преку интензивните, конкретни бои (...) оваа сликовница работи со архетипски слики, пренесувајќи ја најубавата порака – кога ти е тешко, исплачи се. Ќе ти се разведри и ќе ти стане полесно. Само читај и верувај во добрината“, порачува Голејшка Џикова.

„Волшебна приказна за една волшебна плачка ‒ малата принцеза Ведра. Бајка која ќе им помогне на малите плачковци да победуваат змејови, а на возрасните да не ги осудуваат кога плачат. Забавна, имагинативна и фантастично илустрирана книга, која ни ја открива скриената моќ на солзите“, смета писателот Иван Шопов.

Јулијана Величковска дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Таа е членка на организацискиот одбор на интернационалната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“ – Охрид. Членка е на Друштвото на писателите на Македонија. Основачка е на издавачката куќа „ПНВ Публикации“ од Скопје, и коосновачка и директорка е на „Скопскиот поетски фестивал“.

Авторка е на монографијата „XX години Поетска ноќ во Велестово“ (2009, ПНВ); стихозбирките „Комарци“ (2010, ПНВ) и „Отворена книга“ (2017, ПНВ Публикации); романот „Годишни времиња“ (2014; 2015; 2017, ПНВ Публикации), и на книгата за деца „Ведра“, илустрирана од Марио Каев, (2022, ПНВ Публикации), како и на повеќе од дваесет и пет книжевни преводи од англиски, руски, хрватски и црногорски јазик.

Нејзините песни се препеани и објавени на дваесетина светски јазици. Застапена е во неколку антологии на македонската современа поезија издадени во Македонија, во Србија, во Чешка, во Грција, во Италија и во Колумбија, во две антологиии на современата светска поезија, едната издадена во Кина, а другата во Албанија, како и во три антологии на куси раскази, објавени во Македонија.

Нејзиниот роман „Годишни времиња“ беше објавен и на бугарски јазик во превод на Поли Муканова од страна на издавачот „Ерго“ од Софија во 2017г.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе