Откако синоќа ги дознавме сите учесници во полуфиналето на Лигата на шампионите, дојде до голема промена во листата на фаворити за освојување на најважната титула во европскиот фудбал.
Испадна шампионот на Европа и апсолутен фаворит за освојување на Лигата на шампионите. Манчестер Сити доминираше против Реал Мадрид, но тоа не успеа да го реализира со гол за да помине понатаму, а потоа шпанскиот претставник со подобро изведување на пенали се пласираше во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Таму ќе играат против Баерн кој беше подобар од Арсенал, додека во второто полуфинале ќе играат Пари Сен Жермен и Борусија Дортмунд.
Бидејќи Сити важеше за прв фаворит, сега тоа се промени, а според светските обложувалници, Реал Мадрид сега важи за прв фаворит за освојување на титулата европски првак во јуни.
Коефициентот дека Реал Мадрид ќе ја освои Лигата на шампионите е 2,40, а втор фаворит е ПСЖ со коефициент 3,50. Блиску е и Баерн со коефициент 3,75, а речиси и да нема шанси Борусија Дортмунд која има коефициент 10,0.
Кој го сметате за победник во Лигата на шампионите за сезоната 2023/2024, можете да ни одговорите во коментарите.
Полуфиналните натпревари се закажани за 30 април и 1 мај, а реваншите на 7 и 8 мај.