Исчезнуваат познатите прстени на Сатурн

Сатурн можеби нема уште долго да ги има своите ледени прстени, а тоа е заклучок на астрономите што ја набљудуваат оваа планета со своите телескопи.

Новата анализа на податоците собрани од вселенското летало Cassini на НАСА, кое орбитираше околу гасниот гигант од 2004 до 2017 година, даде нови сознанија за тоа колку долго биле присутни прстените на Сатурн и кога тие би можеле да исчезнат.

Нашиот Сончев систем и неговите планети се формирале пред 4,6 милијарди години, а научниците долго дебатираа за староста и потеклото на прстените на Сатурн. Некои астрономи веруваат дека светлите ледени прстени мора да бидат помлади од очекуваното, бидејќи тие не еродирале и не се затемниле од интеракцијата со метеороидите во текот на милијарди години.

Анализата на податоците од Cassini доведе до ново откритие објавено во списанието Icarus кое ја поддржува теоријата за прстените кои се појавуваат долго по првичното формирање на Сатурн. Дополнителни истражувања исто така дошле до слични заклучоци.

„Нашата претпоставка е дека прстените на Сатурн мора да бидат релативно млади според астрономски стандарди, стари само неколку стотици милиони години. Ако го погледнете сателитскиот систем на Сатурн, има други навестувања дека таму се случило нешто драматично во последните неколку стотици милиони години. Прстените на Сатурн не се стари колку планетата, потоа се случило нешто за да се формира нивната неверојатна структура и тоа е многу интересно да се истражи“, вели професорот по астрономија Ричард Дурисен.

Се верува дека прстените се формирале кога диносаурусите сè уште талкале по Земјата.

Прстените се состојат главно од мраз, а само мал процент е карпеста прашина создадена во вселената од скршени фрагменти на астероиди и микрометеории. Парчињата слични на зрната песок се судираат со честичките во прстените на Сатурн и создаваат лебдечки остатоци додека материјалот од прстенот орбитира околу планетата.

За време на Големото финале на Cassini, кога леталото комплетираше 22 орбитирања помеѓу Сатурн и неговите прстени, истражувачите собраа податоци за тоа колку метеороиди ги „контаминираат“ прстените, масата на самите престени и брзината со која материјалот од прстените паѓа на планетата. Сите податоци упатуваат на истиот заклучок за помладата возраст на прстените на Сатурн.

Истражувачите биле во можност да проценат колку космичка прашина, која редовно се движи низ нашиот Сончев Систем, се акумулирала на ледените прстени. Во текот на 13 години, инструментот за анализа на космичка прашина на Cassini, Cosmic Dust Analyzer, собрал 163 зрна прашина кои потекнуваат надвор од системот на Сатурн додека се вртеле околу окото на гасниот џин. Прстените биле изненадувачки „чисти“, што сугерира дека тие не постоеле доволно долго за да се акумулира вишок космичка прашина.

Вселенскиот телескоп Hubble на НАСА го набљудува Сатурн одреден временски период секоја година како дел од програмата Outer Planet Atmosphere Legacy (ОПАЛ), а динамичниот гасен џин секогаш открива нешто ново. Оваа најнова фотографија го најавува почетокот на „сезона на краци“ на Сатурн со појавата на две размачкани краци во прстенот B (лево на фотографијата).

Обликот и засенчувањето на краците се разликуваат, може да изгледаат светли или темни во зависност од аголот на гледање, а понекогаш и повеќе наликуваат на дамки отколку класичните радијални облици на краци, како што се гледа овде. Ефемерните карактеристики не траат долго, но бидејќи есенската рамноденица на планетата се приближува до 6 мај 2025 година, ќе се појават повеќе. Научниците ќе бараат индиции за да ја објаснат причината и природата на краците. Се сомнева дека станува збор за прстен од материјал привремено наполнет и левитиран од интеракцијата помеѓу магнетното поле на Сатурн и сончевиот ветер, но оваа хипотеза не е потврдена.

Во меѓувреме, метеороидите се инфилтрираат во прстените и со голема брзина го туркаат кон Сатурн материјалот внатре во внатрешните прстени. Леталото Cassini забележа дека прстените губат многу тони маса во секунда, што значи дека на прстените не им останува многу време според астрономските стандарди. Истражувачите проценуваат дека прстените ќе постојат најмногу неколку стотици милиони години.

Можно е темните прстени околу Нептун и Уран некогаш да биле поголеми и посветли, слично како што се сега прстените на Сатурн.

Научниците сè уште не се сигурни што ги создало прстените на Сатурн, но можно е гравитациската нестабилност да уништила некои од ледените месечини што орбитираат околу џиновската планета, создавајќи доволно материјал за да се вовлече во прстените на материјалот што го опкружуваат Сатурн.

Мозаикот на месечината Мимант на Сатурн е создаден од фотографии направени од вселенското летало Cassini за време на неговото најблиско прелетување на оваа месечина во февруари 2010 година. Новото истражување сугерира дека Мимант е сферичен или содржи океан со течна вода.

Идните мисии ќе ги истражуваат месечините на Сатурн и би можеле да понудат повеќе информации за формирањето на прстените, но и да доведат до други откритија.

Тагови
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Вести

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more

Winamp се враќа во полн сјај

Read more

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more
 

Гик

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе

Интервју со Иван Брзовски: Magenta TV – редефинирање на телевизијата во дигиталната ера

Читај повеќе

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе