Доларот зајакна, цената на нафтата падна

Акциите на Азија паднаа додека инвеститорите очекуваа вести кои би можеле да ги насочат пазарите, а по минатонеделниот пад, доларот порасна во однос на кошницата со валути втор ден по ред.

Индексот на MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше намален за 0,5 отсто во 7 часот, лизгајќи се од највисокото ниво во последните 15 месеци.

Истовремено, јапонскиот индекс Nikkei ослабе за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Шангај, Јужна Кореја и Хонгконг паднаа меѓу 0,1 и 2,1 отсто.

Кинеските берзи вчера пораснаа, откако властите најавија нови мерки за сузбивање на кризата на пазарот на недвижности, но утринава ги загубија тие добивки бидејќи, според аналитичарите, овие мерки нема да дадат резултати толку брзо.

Азиските инвеститори не беа импресионирани ниту од вчерашниот рекорден индекс Nasdaq, по растот на цените на акциите во технолошкиот сектор.

Во исто време, акциите на Nvidia беа меѓу најголемите добитници, со скок на цената од 2,5 отсто.

Најмалку три брокерски куќи ги зголемија своите ценовни цели на акциите на Nvidia пред кварталниот извештај за заработката на производителот на чипови во средата.

Извештајот од Nvidia, водечки производител на чипови за вештачка интелигенција, ќе покаже дали побарувачката за овие чипови останува силна.

„Доколку резултатите на Nvidia се подобри од очекуваните, тоа би можело да го поттикне растот на пазарот, иако не верувам дека овој раст би бил значаен бидејќи сè ми изгледа скапо во моментов. Само ФЕД може значително да го стимулира растот на пазарот со намалување на каматните стапки, но податоците за инфлацијата досега не поддржуваат таков потег“, вели Стивен Масока, потпретседател на Wedbush Securities.

На девизните пазари, пак, се зголеми вредноста на доларот во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 104,69 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 104,45 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 155,80 на 156,40 јени.

И американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0860 долари, додека вчера во ова време беше 1,0875 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се лизна за 0,56 отсто, на 83,25 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,60 отсто, на 79,30 долари.

реклама

5 намирници богати со јаглехидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Хабиб му пријде на Трамп и побара да стави крај на војната во Палестина - доби ветување

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Read more

Бизнис

Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците

Read more

Како африканското злато, вредно десетици милијарди долари, завршува во Емиратите?

Read more

Германските угостители не можат да најдат доволно работници за Европското првенство

Read more

Шпаркасе Банка пионер во имплементација на платформата Отворено банкарство

Read more
 

Вести

Мексико доби претседателка на историските избори

Читај повеќе

Кина: Toj што ќе се осмели да нѐ раздели од Тајван ќе биде здробен на парчиња

Читај повеќе

Во италијанско село со 46 жители се одржуваат локални избори со 30 кандидати на листата

Читај повеќе

СНС освои најмногу гласови во Белград, Нови Сад и Ниш на локалните избори во Србија

Читај повеќе
  • play_arrow

Aвтомобил влета во публиката на трка во Осиек, има повредени

Читај повеќе
  • play_arrow

Се судрија два авиона на аеромитинг во Португалија

Читај повеќе

Променливо облачно со сончеви периоди

Читај повеќе

Делови од Радишани и Волково без струја

Читај повеќе

Деспотовски: Оние што ќе изгубат на изборот за претседател на СДСМ да се обврзат дека нема да прифаќаат функции

Читај повеќе