Откако Америка ја стави на црната листа компанијата Huawei, многумина се прашуваат дали може кинескиот гигант да произведува паметни уреди без компонентите од САД. Одговор на тоа е новиот Mate 30 кој Huawei го произведе во потполност без американските компоненти.
Имено, анализата на USB и Fomalhaut Techno Solutions вели дека новопроизведениот Huawei Mate 30 воопшто не содржи компоненти од американските произведувачи, пишува Verge.
Бројните делови од американските производи ги замени со компоненти од јапонско и тајванско производство.
Сепак, да се потсетиме на изјавата на Лианг Ху: Huawei би сакал да продолжи да интегрира и купува компоненти од американските партнери. Ако тоа се докаже како невозможно поради одлуката на американската влада, нема да имаме друг избор освен да пронајдеме алтернативна понуда од изворите кои не се од САД.
Huawei не се ослободи во потполност од американските добавувачи иако на компанијата ѝ е забрането да соработува со повеќето од нив.
Технолошките аналитичари истакнуваат дека Huawei сака да ги искористи американските делови додека во потполност не добие забрана, но дека компанијата во потполност е подготвена за производство на мноштво од паметни телефони и без американските добавувачи.
Меѓутоа, останува прашањето дали нивните уреди ќе продолжат да се купуваат надвор од Кина.
Да се потсетиме дека Huawei Mate 30 беше претставен крајот на септември оваа година.