Ѓоковиќ и Иванишевиќ ја прекинаа соработката

Горан Иванишевиќ повеќе не е тренер на најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ.

Двајцата ја прекинаа соработката по речиси шест години.

Веста дојде неочекувано, а ја објави Ѓоковиќ преку својот Instagram профил.

„Јасно се сеќавам на денот кога штотуку го поканив Горан да биде дел од мојот тим. Беше во 2018 година и јас и Маријан баравме некоја иновација, да донесеме некоја магија на сервисот во нашето дуо. Всушност, не само што добивме сервис, добивме и многу смеење, забава, години на првото место, соборени рекорди и уште 12 Грен слемови и неколку финалиња од тогаш. Спомнав ли малку драма? Нолефам би требало да го знаат тоа“, рече Ѓоковиќ.

„Горан и јас одлучивме пред неколку дена да престанеме да работиме заедно. Хемијата на теренот имаше свои подеми и падови, но нашето пријателство отсекогаш било цврсто како камен. Всушност, јас сум горд на тоа, не сум сигурен дека е и тој. Освен што освојувавме турнири заедно, имавме и битка настрана во парчис (социјална игра) долги години. И тој турнир никогаш не завршува за нас“, додаде светскиот број еден.

Пред Иванишевиќ, Новак соработуваше со Рикардо Пјати, Марјан Вајда, Тод Мартин, Борис Бекер и накратко со Андре Агаси.

Во текот на изминатите денови на тренингот во Белград друштво му правеше и поранешниот селектор на Дејвис куп тимот на Србија, Ненад Зимоњиќ.

Можно е тој да биде со Новак на следните неколку турнири, а со него ќе биде и Карлос Гомез Херера, некогашниот негов спаринг партнер, а сега негов менаџер.

Новак има време да донесе одлука со кого ќе соработува во иднина, а првиот следен турнир му е Мастерсот во Монте Карло од 7 до 14 април.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе