Федерер: Горд сум што играм конкурентно на 37 години

Лондон, 18 ноември 2018 (МИА) – Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер ја заврши овогодишната сезона со пораз од Германецот Александар Зверев во полуфиналето на финалниот АТП турнир во Лондон, но сепак смета дека оваа година била „историска“ за него.

Федерер сезонава освои четири титули, со што вкупно обебзеди 99 АТП трофеи. Меѓу неговите трофеи беше и оној од Австралија Опен, кој беше негов 20-ти Гренд слем. Освен тоа, Швајцарецот извесен период се врати и на првото место на АТП листата.

„Морам да ви кажам дека сум многу горд што на 37 години се уште сум конкурентен и среќен да играм тенис. Од оваа гледна точка, колку и да сум разочаран од овој натпревар, ако погледнам назад всушност сум многу среќен од мојата сезона. Тоа беше историска сезона, а поради некоја причина, се вратив на првото место. Тоа беше огромен момент во мојот живот, бидејќи јас не верував дека ќе го направам тоа повторно“, изјави Швајцарецот.

Федерер, кој ја заврши сезоната со 48 победи и 10 порази, оцени дека можел да се срави подобро во вториот дел од сезоната.

„Вториот дел од сезоната можеше да биде подобар. Имав големи надежи како и секогаш. Можеби изгубив неколку натпревари, кои можеа да ги променат работите за мене“, вели тој.

Легендата на светскиот тенис остана на титула од јубилејната „стотка“ во својата кариера, но тоа не го оптоварува.

„Немам потреба од неа, но не би ја одбил. Ќе преживеам и ако не ја освојам“, изјави тој

Федерер ќе ја заврши годината на третото место на АТП листата, што значи дека по 14-ти пат во кариерата ќе се најде меѓу најдобрите на крајот на сезоната.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе