Адам Вингард, режисер на филмовите Godzilla vs. Kong и Godzilla x Kong: The New Empire, ќе го режира продолжението на култниот акционен трилер од 1997 година Face/Off.
Гласините за потенцијално продолжение на култниот класик во режија на Џон Ву почнаа да кружат уште во 2021 година, но Вингард една година подоцна објасни дека ќе работи на продолжението само доколку оригиналната актерска екипа се согласи да ги репризира нивните улоги. Според World of Reel, Џон Траволта и Николас Кејџ, ѕвездите на оригиналниот филм, се согласиле за продолжение.
Face/Off го следеше Траволта во улогата на агентот на ФБИ, Шон Арчер, чиј син е убиен од терористот Кастор Трој, кој го игра Кејџ. Години по убиството, Трој открива дека поставил бомба полна со биолошки отров во Лос Анџелес.
За да дознае каде е бомбата, Арчер оди на експериментална пластична операција при која лекарите го „пресадуваат“ лицето на Трој. Со ново лице и идентитет, Арчер оди во затвор каде мора да ги убеди колегите на Трој да му ја откријат локацијата на темпирана бомба.
Иако Трој на крајот од филмот е набиен на подводна пушка, сценаристот на продолжението Сајмон Барет верува дека терористот успеал да го преживее нападот на Арчер, поради што ќе ги видиме и двата лика во продолжението.
Официјалниот датум на снимање сè уште не е потврден, но World of Reel шпекулира дека снимањето би можело да започне оваа година бидејќи Траволта и Кејџ моментално не работат на ниту еден значаен филм.