Зоолошката градина Скопје на својата Facebook страница соопшти дека за прв пат досега стана дом на бели лавови.
Белиот лав Чака кој дојде денеска ќе ѝ се придружи на лавицата Бела која пристигна пред неколку денови.
Белите лавови се едни од најретките видови на светот и за жал се пред истребување во природата, наведуваат од Зоолошката градина Скопје.
Белите лавови не се албино, туку имаат посебни гени и се еден од најзагрозените видови во светот.