Ракомет
ЕХФ ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ 2020

Данска елиминирана, денеска почнува втората фаза од ракометното ЕУРО

16. јануари 2020 - 9:12 | Ф.З.

Репрезентацијата на Данска забележа пирова победа и првпат по 2000 година не ја мина првата фаза која веќе заврши и од денеска започнува втората фаза по групи.

Група Е

Со катастрофално второ полувреме во кое постигнаа само 6 голови Ислаѓаните го загубија првото место кое отиде кај Унгарците. Исланд на полувреме водеше со 12:9, но по паузата постигна само 6 голови наспроти 15-те на Унгарија. На унгарскиот гол блескаше Роланд Миклер со 14 одбрани, а најефикасен беше Бенце Банхиди со 8 голови. Кај Исланѓаните не се истакна никој.

Данска со пресврт ја забележа потребната победа над Русија која на крајот се покажа пирова бидејќи не ѝ одговараше победата на Унгарија. Микел Хансен постигна 7 голови, а Никлас Ландин забележа 11 одбрани. Данците првпат по ЕУРО 2000 не ја поминаа првата фаза и воедно го забележаа најслабиот пласман завршувајќи на 13-тото место, едно подолу од досега најслабото 12-то место на ЕУРО 1996.

Исланд - Унгарија 18:24

Русија - Данска 28:31

Табела:
1. Унгарија 5 74:67
2. Исланд 4 83:77

3. Данска 3 85:83
4. Русија 0 76:91

Денеска веќе почнува втората фаза по групи која ја сочинуваат две групи од по шест репрезентации. Бодовите освоени во меѓусебните натпревари од првата фаза се пренесуваат, а натпреварите ќе се играат во Виена и Малме. Првопласираните две репрезентации ќе се изборат за полуфинале, додека третопласираните ќе разигруваат за 5-тото место.

Група I (денеска)

16.00: Шпанија - Чешка
18.15: Хрватска - Австрија
20.30: Белорусија - Германија

Табела:
1. Хрватска 2 31:23
2. Шпанија 2 33:26

3. Австрија 2 32:29
4. Чешка 0 29:32
5. Германија 0 26:33
6. Белорусија 0 23:31

Група II (утре)

16.00: Словенија - Исланд
18.15: Норвешка - Унгарија
20.30: Португалија - Шведска

1. Норвешка 2 34:28
2. Унгарија 2 24:18

3. Словенија 2 21:19
4. Шведска 0 19:21
5. Португалија 0 28:34
6. Исланд 0 18:24

Досегашен генерален пласман:

13. Данска
14. Франција
15. Македонија
16. Швајцарија
17. Холандија
18. Црна Гора
19. Украина
20. Србија
21. Полска
22. Русија
23. Босна и Херцеговина
24. Латвија