Дани Алвес пуштен од затвор во Шпанија, собра милион евра и плати кауција

Познатиот бразилски фудбалер Дани Алвес денеска излегува од затвор откако успеа да ги собере потребните милион евра неопходни за кауција.

Како што пишува Marca, судот во Барселона се согласил на негово привремено ослободување и Бразилецот денеска ќе го напушти затворот „Брианс 2“.

Поранешниот фудбалер на Барселона со месеци бараше предвремено ослободување од судот, но тоа секогаш беше одбивано наведувајќи го ризикот од бегство поради богатството на Алвес и високата куповна моќ.

Исто така, имајќи предвид дека Бразил нема договор за екстрадиција со Шпанија, Министерството за правда во неколку наврати претходно одлучуваше да го држи в затвор, но сега попушти.

URL

Сѐ уште не е познато од каде Алвес ги добил парите, бидејќи семејството на Нејмар одбило да му помогне, иако претходно се тврдеше дека токму Нејмар му дал пари на својот поранешен соиграч од Барселона.

За потсетување, Алвес беше осуден на 4 и пол години затвор за сексуален напад извршен во Барселона на 30 декември 2022 година.

Сега тој ќе може на слобода да ја чека конечната пресуда.

Инаку, Дани Алвес никогаш официјално не ја заврши кариерата, но јасно е дека заврши со фудбалот на највисоко ниво. Неговиот последен ангажман беше во мексиканскиот УНАМ, кој му го раскина договорот по апсењето. Претходно играше за Барселона, Саун Паулу, ПСЖ, Јувентус, Севиља и Баиа.

Најдлабока трага остави во Барселона со 408 настапи, а со 43 освоени трофеи во текот на кариерата е меѓу најтрофејните фудбалери на сите времиња. За репрезентацијата на Бразил има 126 настапи на кои постигна 8 голови и беше дел од Мундијалите 2010, 2014 и 2022, Копа Америка 2007, 2011, 2015, 2016 (Сентенарио) и 2019, Купот на конфедерациите 2009 и 2013 и Олимпијадата 2020.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе