Дали времето на Озил во Арсенал истекува?

Поминаа пет месеци откако Унаи Емери ја презема тренерската позиција во Арсенал, а неговата главна задача остана иста како и првиот ден. Тој треба да одлучи дали Месут Озил припаѓа во составот на лондонскиот тим, и ако одговорот е да, која е неговата идеална позиција?

Месут Озил нема повеќе што да докажува – тој е светски шампион и еден од најдобрите плејмејкери во светот, но тоа не значи дека неговото место во составот на Арсенал треба да биде загарантирано. Последниот потег што Арсен Венгер го презема како тренер на Арсенал беше да му даде нов договот на Германецот и сега тој заработува 350.000 фунти неделно.

Оваа плата сугерира дека тој треба да биде незаменлив дел од првиот состав на тимот, но вистината е сосем различна – тој беше стартер на почетокот на сезона, но поради лошите резултати беше изоставен од стартната постава и сега најчесто влегува од клупата. А за сето тоа време Арсенал успеа да наниже 20 натпревари без пораз.

Во моментов Озил се наоѓа зад Арон Ремзи, Алекс Ивоби и Хенрик Миктарјан во изборот на Унаи Емери, а британските медиуми велат дека тој времето го поминува повеќе во играње видео игри и дружење со неговата девојка отколку што посветува време на тренинзи. Неговиот договор истекува во 2021 година и токму затоа Емери мора да биде упорен и трпелив со него, но тоа може да му наштети на тимот.

„Зошто да се менува тимот кој победува“, прашуваат навивачите на Арсенал, иако пред само една година тие го бранеа Месут Озил дека е незаменлив дел од составот. Дали Германецот ќе се врати во формата која го направи еден од најбараните играчи на светскиот пазар во деновите кога германската репрезентација го освои Светското првенство или пак ќе оди по полесниот пат и слично како неговиот поранешен колега, Алексис Санчез, ќе ужива во заработката додека може?

Времето истекува за Месут Озил, но и за Унаи Емери. Во моментов шпанскиот тренер изгледа незаменлив на Емирати, но се наоѓа под притисок да најде решение за Германецот, кој изгледа како бледа сенка од себеси. Можеби проблем е формацијата, можеби недоволната мотивација на Озил, но во секој случај Арсенал може да напредува само ако сите во клубот размислуваат и делуваат како една целина.

Договорот на Арон Ремзи истекува на крајот на оваа сезона а Арсенал изгледа дека се откажува од негополесно од очекуваното. Тоа може да резултира во две насоки: или ќе се отвори повеќе место за Озил или пак Емери има намера целосно да ја реформира средината. Како и да е, Озил е постојано на мета на британските медиуми и мора да ја подигне формата доколку сака да избори место во стартниот состав. Сепак има само 30 години и е премногу рано да се откаже од играње врвен фудбал.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе