ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

Аргентина со 39-годишниот Скола ја разби Франција за влез во финале на СП 2019

Кошаркарите на Аргентина се пласираа во финалето на Светското првенство во Кина откако денеска во Пекинг ја совладаа селекцијата на Франција со резултат од 80:66.

Аргентинците подобро го отворија мечот и водеа со три поени разлика по првата четвртина. Продолжија со одлична одбрана, на Французите дополнително им ослабна шутот и пред одморот разликата изнесуваше седум поени за Аргентина.

Во продолжението на мечот Французите не можеа да одговорат на одличната одбрана и третата четвртина заврши со разлика од 12 поени. До крајот на мечот, Аргентинците одржуваа значителна предност и апсолутно заслужено се пласираа во финалето на СП 2019.

 

 

Најдобар во редовите на Аргентина беше 39-годишниот Луис Скола кој оствари дабл дабл со 28 поени и 13 скокови.

Аргентина во недела ќе игра во финалето против Шпанија која претходно денеска во драматични продолженија ја совлада Австралија.

Поразените Франција и Австралија ќе ги измерат силите за третото место.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Кошарка

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе