Анри пред првата самостојна работа: Мојот пример е Гвардиола, од него научив многу

Легендарниот француски фудбалер, а од денеска и самостоен тренер, Тјери Анри, во разговор со француските медиуми рече дека негов пример во тренерската кариера е Пеп Гвардиола.

Анри е именуван за нов главен тренер на тимот на Монако, откако клубот после разочарувачките резултати го отпушти Жардим, а сигурно е дека го очекува исклучително тешка задача да го врати овој тим на победничките патеки.

После неколку одлични сезони, Монако оваа година го плати цехот за сите излезни трансфери, во однос на тоа дека во претходните години ги продадоа речиси сите квалитетни играчи кои настапуваа за овој клуб.

После девет одиграни натпревари, Монако се наоѓа на 18 место на табелата со само шест освоени поени, а во новата сезона успеаја да запишат само една победа.

Анри на прашањето за тоа кој тренер е неговиот пример, тој рече дека има работено со многу експерти и дека научил многу работи, но посебно го издвојува Гвардиола, а исто така го пофали и поранешниот тренер на Арсенал - Арсен Венгер.

„Мојот пример е Пеп Гвардиола. Нема овде ништо добро или лошо, многу работи научив од него кога отидов во Барселона. Со него секогаш се зборуваше за играта, а некогаш поминуваа ноќи кога воопшто не спиевме и разговаравме за нови работи. Беше подготвен да промени некои работи, одеше чекор пред времето. Како нов тренер имам од кого да учам, а од сите менаџери со кои работев научив по нешто ново. Благодарение на Арсен Венгер научив што е професионализам“, рече Анри.

Монако во следното коло ќе му гостува на Страсбург, а потоа има едно гостување кај Клуб Бриж во рамките на Лигата на шампионите.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе