Агентот на Озил ги нападна Нојер, Крос и Милер: Имаат заговор против Месут

Месут Озил по крајот на Светското првенство во Русија објави дека се пензионира од германската репрезентација поради лошиот однос на раководството и играчите према него и натурализираните Германци како него.

Неговиот агент, Еркут Согун, во последната изјава ги нападна поранешните колеги на Озил од репрезентацијата: Мануел Нојер, Тони Крос и Томас Милер, кои отворено кажаа дека не се согласуваат со обвинувањата за расизам и национализам.

Според Согун, фудбалерите се наивни или пак коваат завера против Месут Озил, па поради тоа не сакаат да признаат дека постојат двојни стандарди во репрезентацијата на Германија. Германската јавност застана против Озил откако тој се сретна со турскиот претседател Ердоган, а истото расположение владееше во репрезентацијата, што го натера Озил да каже дека кон него федерацијата се однесува поинаку бидејќи е натурализиран, а не Германец со потекло.

„Мануел Нојер индиректно го обвини Месут дека не го носел германскиот дрес со гордост, а тоа е неприфатливо. Милер не разбра зошто беше отворена дискусија, додека Крос го нарече неговиот потег ‘глупост’. Постојат само две објаснувања: или тие се наивни или пак навистина имаат завера против Озил“, изјави Еркут Согун.

Милер рече дека германските фудбалери не го доживеале тоа толку страшно колку што го доживеаја медиумите, но потенцираше дека во репрезентацијата не постои расизам или пак национализам.

„Зарем треба да му кажеме на Месут дека не може да се сретне со претседателот во тој момент, туку мора да почека два месеци?“, изјави Согун по коментарите на медиумите дека Озил ја остварил средбата со Ердоган во момент кога односите помеѓу Германија и Турција се тензични.

Агентот на Озил истакна дека не е негова работа да се грижи за постапките на неговиот клиент. Тој вели дека германскиот фудбалер е доволно возрасен за да направи одлука со чиста свест, посебно ако се работи за средба со државник со кого лично се познава.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе