Зошто е поважно да одржувате кондиција, отколку да слабеете?

А.С.
/ 10.04.2024 / 13:14

Една неодамнешна студија објавена во списанието iScience сугерира дека редовното вежбање и одржување на кондицијата без фокус на губење на тежината може да придонесе за подобро целокупно здравје на телото и да го намали ризикот од прерана смрт за 30 проценти, без оглед дали сте изгубиле тежина или не.

Многу луѓе имаат предрасуди и негативен став кон сопствениот изглед и состојба благодарение на штетните стереотипи за губење на тежината и изгледот на телото, кои се широко распространети во јавноста. Но, новото истражување покажува дека интензивниот фокус на губење на тежината кога станува збор за одржување на кондицијата не е само лош за вашето ментално здравје, туку е и релативно бескорисен кога станува збор за физичкото здравје.

Истражувањето објавено во списанието iScience сугерира дека неутралниот пристап за лекување на здравствени состојби поврзани со дебелината може да биде подеднакво ефикасен како и пристапот фокусиран на тежината.

Откриено е дека вежбањето и подобрувањето на кондицијата може да го намали ризикот од прерана смрт на прекумерно дебелите мажи и жени за 30 проценти, дури и ако тие не ослабат. Ова е голема вест за движењето „позитивен став кон телото“ (body positivity), во чии рамки Pinterest неодамна забрани реклами и што промовираат губење на тежината.

Гледајќи ја распространетоста на обидите за губење на тежината низ општеството - светско истражување спроведено над милион возрасни сугерира дека 42 проценти од општата популација сака да изгуби тежина - истражувањето покажа дека случаите на дебелина се зголемиле само со зголемени обиди за слабеење од крајот на 1980-тите.

Истражувањето заклучува дека вежбањето е најефективниот начин за намалување на ризикот од прерана смрт. Тој, исто така, забележува дека наоѓањето начини за одржување на физички активен начин на живот може да биде поизводливо отколку губење на тежината.

Откривањето на начините на вежбање во кои уживате и кои одговараат на вашиот животен стил е најдобриот начин да го направите движењето навика. Без разлика дали станува збор за трчање, кревање тегови, можеби дури и танцување или скокање со јаже, има толку многу форми на вежбање што можете да ги испробате.

Според истражувањето, ако успеете да ја одделите идејата за вежбање од која било токсична идеја за слабеење што сте ја усвоиле, тоа потенцијално може да го промени начинот на кој го движите вашето тело.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фит

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Кога треба да пешачите за да слабеете?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе