Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Годинава, Прилепска Пиварница одбележува еден век постоење, а тоа значи сто години подобрување и модернизирање на нашите производи. Во срцето на нашата посветеност лежи желбата да им обезбедиме на нашите лојални клиенти квалитетни и иновативни понуди во индустријата за пиво. Како резултат на непоколебливата посветеност, со голема радост и возбуда ви го претставуваме Златен Даб, со нов изглед и подобрен вкус.

Пивото Златен Даб е производ на искуството на врвните пиварски мајстори, кои успеале да создадат автентичен вкус, произведен по најсовремена технологија, во строго контролирани услови.  Новата атрактивна амбалажа има дизајн што одговора на светските трендови и го прави Златен Даб модерно пиво, направено по германски традиционален рецепт.

Тимот на Прилепска Пиварница работеше неуморно на усовршување и подобрување на рецептот за подготовка на Златен Даб, консултирајќи домашни и странски експерти, со цел да ги помести границите на традиционалното пиво и да обезбеди навистина исклучително искуство за вистинските пивски уживатели.

„Драго ми е што соработката со Прилепска Пиварница трае во континуитет со години. Заеднички развивавме нови производи, ги унапредувавме постојните и придонесовме за издигнување на пивската култура во земјата. Ми претставува големо задоволство и ме радува поканата, како пивски експерт, да дадам свои совети и препораки околу рецептурата и строгата контрола на квалитетот“, изјави проф. д-р Михаел Цепф од Германија, чијшто потпис за квалитет стои на новата етикета на Златен Даб.

Пивскиот експерт својата оцена за квалитетот и рангирањето на Златен Даб, ја формираше врз основа на основните фактори во дефинирањето на пивото, пената, бојата и вкусот, хармоничноста и балансот на вкусови и свежината.

„Светлата боја, бистрината, газираноста, свежината, горчината како и другите карактеристики на пивото, го прават Златен Даб синоним за европско лесно лагер пиво и го двојат од другите пива на македонскиот пазар“, истакна проф. д-р Цепф во своето објаснување.

„Преку инвестициите во истражување и развој на производи, уверени сме дека Златен Даб ќе ги воодушеви вистинските љубители на германски стил на лагер пиво. Прилепска Пиварница и понатаму останува посветена на задачата секогаш да оди чекор напред во развивање и усовршување на производите за да ги задоволи и најпребирливите вкусови, но и да продолжи позитивно да ги изненадува своите потрошувачи“, изјави генералниот директор на Прилепска Пиварница, господинот Сашко Самарџиоски.

Со љубов кон традицијата, наздравуваме за иднината!

Remote video URL
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Промо

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Read more

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more
 

Ново

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе