Заев: Во јуни може да ги почнеме преговорите за ЕУ

Софија, 4 февруари 2019 (МИА) – Македонија во јуни може да ги почне преговорите со Европската унија, порача денеска премиерот Зоран Заев кој е во посета на Софија, каде оствари средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

За развојот на соработката во разни сектори, проекти во областа на инфраструктурата и транспортот, како и спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка разговараа двајцата премиери на средбата во бугарскиот главен град.

Заев по средбата истакна дека повторно ја изразил својата благодарност бидејќи Борисов и неговиот кабинет за време на претседавањето со ЕУ дале поттик за постигнување на Договорот за Грција за решавање на спорот со името.

Македонскиот премиер нагласи дека трговијата со Бугарија бележи раст по потпишувањето на Договорот за добрососедство.

Борисов изјави дека во моментов трговската размена меѓу двете земји изнесува 605 милиони евра.

Бугарскиот премиер изрази благодарност до ЕК за поддршката на интеграцијата со земјите од Западен Балкан.

Програма за соработка во областа на културата до 2021 година потпишаа денеска во Софија министрите за култура на двете земји, Асаф Адеми и Боил Банов. Во македонската владина делегација е и националниот координатор за култура, Роберт Алаѓозовски.

Пред средбата во Министерскиот совет, Адеми и Банов положија венци пред споменикот на Гоце Делчев во Борисовата градина по повод 147-годишнината од раѓањето на револуционерот.

реклама

Македонија

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more
 

Вести

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе