Водич за слабеење за луѓе кои немаат време

А.С.
/ 26.03.2024 / 13:35

Или ако сте од оние луѓе кои мразат да ги следат правилата или едноставно не сакаат вежбање...

Разбирливо е дека не сите се љубители на фитнесот и теретаната, и дека понекогаш е полесно да се пешачи до продавница или да се врти круг во соседството, отколку да се испотиш во теретана и да вежбаш, особено кога работната недела е многу напорна, па едвај чекате да се опуштите дома.

Ако сте запознаени со оваа ситуација, постојат две работи - добри и лоши. Лошата работа е што начинот на живот без никакво движење и барем малку вежбање доведува до лошо здравје. Добрата работа е што можете да согорите калории, да изгубите тежина и да се вклопувате без драстично да го промените вашиот животен стил. Дознајте како...

Гответе однапред

Според нутриционистката Лиса Московиќ, да се најде енергија за готвење по долг и исцрпувачки ден е навистина голема битка. Наместо тоа, таа препорачува да одвоите еден ден во неделата (во викенд, кога не работите) за да ги подготвите оброците однапред. Откако ќе ги подготвите, веднаш ставете ги во замрзнувач или фрижидер, па ќе ви требаат само неколку минути за да подготвите комплетен ручек.

Секогаш чувајте здрави грицки на маса

Повеќето од нас имаат навика да грицкаат помеѓу ручекот и вечерата, особено кога сме заглавени пред компјутер. Бидејќи обработената храна полна со празни калории е секогаш наоколу, тешко е да ѝ се одолее. Наместо да се борите со желбата за оваа храна, секогаш оставајте здрави грицки на масата како овесни плочки, житарки, свежо овошје, кикирики, бадеми итн.

Движете се

Ако вашата работа бара да седите поголем дел од денот, искористете го тоа време паметно. Наместо да бидете неподвижни, користете помали паузи за вежбање на нозете. Истегнете ја едната нога (додека седите) и подигнете ја 15 пати, притоа истовремено собирајќи ги стомачните и квадрицепсите, а потоа повторете го истото со другата нога. Не заборавајте одвреме-навреме да станувате и да пешачите малку, дури и до соседното биро кај колегите.

Пијте многу вода

Веројатно веќе знаете дека треба да пиете многу вода во текот на денот, но нема да ви здодееме со тоа. Доволно е да испиете голема чаша вода пред оброк и сигурно ќе внесете помалку калории.

Јадете колку што е можно повеќе протеини

Утринскиот леб заменете го со порција јајца и риба. Овој вид на храна е богат со железо, витамин Д, омега-3 масти и многу амино киселини. На овој начин ќе поттикнете побрз и подобар метаболизам.

Прошетајте

Прошетајте буквално насекаде за да ја доведете во ред линијата на телото. Ако можете, пешки до работа или до самопослуга за време на паузата. Малку по малку и ќе добиете одлична фигура.

Одвојте 15 минути

Знаеме дека тврдите дека сте некој кој не може да вежба затоа што го мрази или нема време за тоа, но одвојувањето 15 минути двапати неделно е навистина изводливо. Обидете се да правите класични вежби или дури и вежби за истегнување и верувајте, ќе се чувствувате подобро.

Тагови
реклама

Фит

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе