ИХФ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ДАНСКА/ШВЕДСКА/НОРВЕШКА 2023

Вечерва во Скандинавија почнува женскиот Мундијал

Вечерва во Скандинавија започнува Светското првенство во ракомет за жени. Домаќини на Мундијалот се Данска, Шведска и Норвешка.

Светскиот собир ќе биде отврен со два натпревара во Данска. Репрезентацијата на Украина, која во баражот ја елиминираше Македонија, во Фредериксхавн ќе игра против Бразил, а во Ставангер ќе се сретнат Јужна Кореја и Австрија. Двата натпревара се со почеток во 18 часот. Подоцна од 20:30 ќе играат Норвешка - Гренланд и Шпанија - Казахстан.

Мундијалот ќе се игра во Хернинг, Фредериксхавн и Ставангер (Данска), Хелсинборг и Гетеборг (Шведска) и Трондхајм (Норвешка). Пренос од Мундијалот на територијата на Македонија ќе врши Arena Sport.

Првата фаза, која ќе започне вечерва, ќе заврши на 5 декември. Втората фаза ќе се игра од 6 до 11 декември, а ден подоцна ќе започне нокаут рундата. Големото финале е закажано за 17 декември. Титулата ја брани Норвешка.

Со вајлд карта учествуваат Австрија и Исланд, додека за издвојување е враќањето на светската сцена на Гренланд првпат по собирот во 2001 година. За Гренланѓанките ова ќе биде само второ учество, колку што ќе биде и за Исланѓанките. Инаку, Гренланд летоска стана шампион на Северна Америка откако во финалето ја совлада Канада со 17:15 (9:6 на полувреме).

Група А

Шведска
Хрватска
Кина
Сенегал

Група Б

Црна Гора
Унгарија
Камерун
Парагвај

Група Ц

Норвешка
Јужна Кореја
Гренланд
Австрија

Група Д

Франција
Словенија
Исланд
Ангола

Група Е

Данска
Романија
Србија
Чиле

Група Ф

Германија
Полска
Јапонија
Иран

Група Г

Бразил
Шпанија
Украина
Казахстан

Група Х

Холандија
Чешка
Аргентина
Конго

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Ракомет

Николов и Начевски ќе го судат финалето во Лигата на шампиони

Read more

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Read more

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Read more

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе