Васил Ханџиски утре ја промовира „Сложувалка“ во „Буква“

Промоцијата на првата стихозбирка на младиот поет Васил Ханџиски ќе се одржи в четврток, 20 јули во кафе-книжарница ,,Буква” со почеток во 20:30 ч.

Промотор на стихозбирката ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски, а пред официјалниот почеток на промоцијата ќе има DJ сет на Емили.

„Дебитантската поетска збирка на младиот поет Васил Ханџиски е сложувалка од теми посветени на првите искуства на секој млад човек, првите љубови и разделби, првите средби со градските ликови, фрустрациите од општеството. Поделена во пет делови, стихозбирката ‘Сложувалка’ е рефлексија на љубовта, домот и неговото напуштање, градовите и луѓето во нив, странствувањето и осаменоста, љубовта кон девојката, но и кон ракијата. Авторот ги поставува стандардните младешки прашања поврзани со овие теми, се осврнува на личните чувства, но и во неколку наврати упатува критика кон ова ‘општество што тоне во бездна’. Почнувајќи со алкохолот, минувајќи низ љубовта и домот, а завршува со себепромислување и опишување на другите, оваа збирка е своевидна панорама на она што значи младоста – јас во себе и сè околу мене“, вели Медиќ Лазаревски.

Васил Ханџиски

Стихозбирката е во издание на издавачката куќа „ПНВ Публикации“.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Книги

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Read more

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе